Новата Kia Soul се појави во јавност

ОБЈАВЕНО НА:

Во центарот на вниманието на штандот на Kia на претстојниот саем за автомобили во Лос Анџелес дефинитивно ќе биде моделот Kia Soul.

Новата трета генерација веќе неколку месеци активно се најавува од страна на јужнокорејскиот авто производител. Овој модел важи за доста популарен во САД и токму на овој пазар Kia ги пласираше најголем дел од производитените примероци од овој модел изминатите години.

Само неколку години пред премиерата, на интернет се појавија први фотографии од новата генерација. Без камуфлажи и маски, овој автомобил слободно се движеше низ сообраќајниците во јавност.

Од достапните фотографии може да се види драстичната промена во екстериерот, особено задниот дел додека во поглед на формата и димензиите, новата Soul е речиси идентична како и актуелниот модел од втората генерација.

Kia Soul

Инаку од претходно е познато дека третата генерација на Soul се темели на B-SUV платформата развиена од страна на Hyundai Motors, а која се користи кај неколку модели од овој јужнокорејски производител. Погонот е на сите четири тркала, а во понудата се очекува да дојде со 2.0 литарски атмосферски и 1.6 литарски турбо бензинец. При тоа ќе биде понуден и со шест степен мануелен и автоматски менувач, а понудата ќе биде збогатена и со електрична изведба со автономија од околу 485 километри.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK