Peugeot претстави нов концептен мотоцикл

ОБЈАВЕНО НА:

Иако попознат како производител на автомобили, францускиот Peugeot има богата историја во производството на мотоцикли. Последниот плод на напорната работа на инжинерите на оваа дивизија на францускиот производител е концептниот мотоцикл P2X.

“Враќањето на компанијата во светот на мотоциклите внесе дополнителна емоција во дизајнот, пред се поради тоа што зад мене стои 120 години историја на францускиот бренд” изјави Дамијан Баз, главниот дизајнер на овој модел.
Несомнено, инспирацијата за дизајнот на овој мотоцикл лежи во моделот 515 од 30те години на минатиот век.

Дизајнот вклучува странично поставено лого, хромирани фелни, USD виљушки, twin амортизери и слично. Моторот го придвижува едноцилиндричен агрегат со водно ладење со 125 cc.

Првиот мотоцикл Peugeot го има произведено во 1898 година, Во меѓувреме има лансирано преку 50 модели на мопеди, скутери и мотоцикли. Во последните три години Peugeot има и натпреварувачки тим на Moto3 шампионатот каде бележи солидни резултати.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK