Германците протестираат против изградбата на фабриката на Tesla

ОБЈАВЕНО НА:

Да се има фабрика на Tesla на својата територија несомненo претставува голема чест и има позитивно влијание врз националната економија. Но не сите се среќни со тоа.

Минатата година Илон Маск и претставници на германската Влада ја најавија првата инвестиција на Tesla на европско тло и го претставија проектот за фабриката во Гринхајде, град во близина на Берлин.

Иако оваа вест првично предизвика позитивни реакции, сепак сега се појавија и првите противници. А кој други ако не локалнаото население кое преку мирен протест го искажа своето незадоволство.

Тие се против изградбата на фабриката бидејќи на местото предвидено за градба се наоѓа високостеблеста шума, но исто така сметаат и дека со изградбата на фабриката ќе им се наруши мирот и спокојот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK