Самемот кој се одржува во Детроит ќе ја донесе промоцијата на новиот Ford Ranger. Се работи за нов пикап кој веќе е откриен и повеќе нема криење на неговиот изглед од страна на компанијата. Возилото е веќе забележано во бразил каде што беа направени последните тестирања на патот. Овој автомобил се враќа на пазарот во САД, а на саемот во Тајланд, пак, ќе биде претставена топ-варијанта на ова возило под име Ford Ranger Raptor.
Новиот американски пикап не е револуционерно возило. Според она што го донесува повеќе е еволуциски напредок на актуелниот модел. Промени има во решетката на ладилникот. А и кај фаровите коишто се издолжени. Во основа е користена целосно нова рамна платформа.
Ford Ranger 2019 ќе има различен избор на мотори. Бензинецот ќе биде од 2,5 литри со 173 коњски сили, додека дизелот е турбо со 2,2 литри и 160 коњски сили. На местото на досегашниот 3,2 литров турбодизел има нов 2,0 литров мотор со две турбини и моќност од 205 коњски сили. Со него ќе биде опремено и возилото коешто ќе биде промовирано во Тајланд.
Има и една техничка новина, која вели дека е користењето на 10-степена автоматска предавателна кутија.