Кампања во Германија: Врати ја вазачката дозвола и добиј бесплатен јавен превоз

ОБЈАВЕНО НА:

Возењето на автомобил е секојдневие и потреба. Но, со стареењето многу од возачите не толку често го користат возилото за транспорт, и за продолжување на возачката дозвола треба да минат низ почесто лекарски прегледи, а времетраењето на возачката е со ограничен рок.

Во некои делови на германската покраина Баден-Виртемберг, постарите граѓани наскоро ќе можат да добијат бесплатен годишен билет за локалниот јавен превоз во замена за нивната возачка дозвола.

Постарите граѓани од 1 декември можат да аплицираат за бесплатен годишен билет за локален превоз. За да го направат тоа, тие мора доброволно и трајно да се откажат од возачката дозвола и да ја вратат на надлежните органи.

Вториот услов е престој во регионот. Покраината Баден-Виртемберг ќе одвои до три милиони евра за трошоците што произлегуваат од оваа кампања. Целта на кампањата е да се направи сообраќајот побезбеден.

Повеќе од една третина од учесниците во сообраќајот кои доживеале сообраќајна несреќа се 65 или постари, а 68 отсто од несреќите се предизвикани од постари возачи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK