Audi Sport Quattro продаден преку интернет за 425.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Дека Sport Quattro моделот на Audi е доста популарен помеѓу вљубениците во автомобилизмот говори бројната заинтересираност за овој модел.

Последната вест за ова доаѓа од Берлин каде примерок од овој модел е продаден по цена од 425,000 евра и тоа онлајн, преку интернет.

Станува збор за модел произведен уште во 1984 година, а фабричката цена на овој модел пред нешто повеќе од 35 години изнесувала 200 илјади тогашни германски марки. Конкретниот автомобил е опремен со 2.1 литарски турбо бензински мотор со 306 КС што претставува доста моќен мотор кој овозможува одлични спортски перформанси.

Audi Quattro како модел дебитираше на саемот во Женева во 1980 година како спортски автомобил со супериорни перформанси. Првиот и основен модел на quattro започнал на европскиот пазар да се нуди кон крајот на 80тите години. Под хаубата на овој модел се наоѓал 2.1 литарски бензински мотор со турбополнач и интеркулер.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK