Koj има најмногу патенти за автономни возила? (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Сега е тренд сите автомобилски производители да работат на автономни возила, и да се натпреваруваат кој побрзо ќе стигне до фазата возачот да нема потреба да ги контролира возилото. Но, таа фаза засега е далеку. Многу компании работат и патентираат иновации токму на оваа тематика.

И не само производители туку и компании кои соработуваат со нив и се всушност само даватели н атехнолошки услуги. Сите тие ја гледаат иднината со една цел – да стекнат што е можно поголем удел на пазарот од новиот сектор.

Многу компании веќе тестира свои автономни технологии, но за луѓе надвор индустријата е тешко да проценат кои се всушност сегашните лидери во трката. Еден показател за ова е бројот на пријави за патенти во областа на автономните технологии.

Со цел да се разбере кои играчи се најактивни на овој фронт, Институтот за економски истражувања во Келн идентификува и анализира 5.839 патенти поврзани со беспилотни возење. Од податоците се добива впечаток дека традиционалната автомобилска индустрија во Германија ги држи силни позициите и во иднина па 6 од 10-те најактивни патенти се германски, а водечкиот играч во оваа трка е клучниот снабдувач за автомобилската индустрија – Bosh

Следете не и на:

24AUTO NETWORK