Четири награди за Alfa Romeo Giulia

ОБЈАВЕНО НА:

По 28-ми пат читателите на германскиот магазин Sport Auto ги одбраа своите омилени спортски возила. При тоа вистинска доминација имаше моделот Giulia на Alfa Romeo.

Овој модел ја овои лидерската позиција во вкупно четири категории. Првата категорија во која победи беше категоријата на спортски автомобили во сериско производство чија цена е над 100 илјади евра. Во оваа категорија GTAm верзиајта освои 44,7% од вкупните гласови.

Giulia Quadrifoglio пак, ја освои наградата во категоријата на спортски автомобили во сериско производство под 100 илјади евра. Giulia Veloce се закити со признанието за најдобар спортски седан во категорија на автомобили под 75 илјади евра и тоа благодарение на 39,4% од добиените гласови.

Последната награда ја “собра” во категоријата на најдобар спортски автомобил во сериско производство со цена под 50 илјади евра. Во оваа категорија доби дури 45% од гласовите.

Инаку во целото гласање, учествуваа 13 илјади посетители кои одбираа помеѓу 270 автомобили распоредени во 18 категории.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK