Светски рекорд на Hyundai!

ОБЈАВЕНО НА:

Австралискиот оддел на Hyundai објави дека е поставен нов светски рекорд за најдолга дестинација со автомобил на водороден погон, со едно полнење на резервоарот. Новото најдобро достигнување е 887,5 километри и претставува значително подобрување во однос на претходниот рекорд од 778 километри.

Локалниот рели возач Brendan Rivs го возел продукцискиот модел на Nexo, поставувајќи го новиот светски рекорд. Со Nexo, сега Hyundai покажува дека можеби водородот е иднината.

Официјалната автономна километража на Hyundai Nexo на водород е 666 километри според протоколот за мерење WTP.

Брендан Ривс го ја минал растојанието од Мелбурн до Брокен Хил (807 километри), а потоа продолжи до Силвертон, областа позната по снимањето на Mad Max 2. По уште 60 километри автомобилот запира со празен резервоар.

Според GPS-от на Nexo минал 903,4 км., додека според Google Maps се патувало 905 км., но з апотребите на тестот се користел трип компјутерот на автомобилот.
Nexo го завршил патувањето за 13 часа и 6 минути со просечна брзина од 66,9 км/ч. За време на патувањето биле потрошени 6,27 кг. од водород, и прочистени 449.100 литри воздух.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK