Модел што ги урива стереотипите: Новиот „Х„ од BMW сега и во Македонија

ОБЈАВЕНО НА:

По премиерата во октомври лани, новиот кросовер од BMW, моделот X2 веќе им се нуди и на македонските купувачи. Со светол дизајн кој ги одразува личноста и спортските поставувања на суспензијата, BMW X2 ги поместува границите, ги крши стереотипите и носи сосема нова димензија на радоста на возење во овој сегментот.
Новиот BMW X2 е наменет првенствено за младата популација, но и оние што така се чувствуваат. За оние што живеат во урбана средина, водат активен живот и се совршено поврзани со дигиталниот свет. И кој сака да го покаже својот лик на патот со емотивен автомобил.

Новиот BMW X2 со својот фантастичен изглед остава впечаток од секој агол. Неговиот став на патот потсетува на спортски автомобил, спој на изразен профил, типичен за BMW X моделите со спортска отменост на купе. Две карактеристики на дизајнот посебно го привлекуваат вниманието: X2 ја менува препознатливата трапезоидна форма на предната маска која се проширува на краевите. Дополнителниот BMW амблем на C столбовите упатува на омилениот детаљ на класичните BMW купеа, како што се 2000 CS и 3.0CSL, и уште повеќе го нагласува спортскиот карактер на BMW X2.

Карактеристичните детали вклучуваат лакови на тркалата со квадратест изглед, впечатливи издувни цевки и нагласени странични рабови, како и елегантна линија на покривот, мазни линии и прегледен стеснет прозорец. Моделот располага со динамика преполна со моќ и ефикасност. Возачите може да очекуваат врвен квалитет вклучен како стандард..

BMW X2 им нуди на клиентите најсовремени технологии кога станува збор за системите за помош на возачот. На пример, асистентот Traffic Jam го олеснува обемот на работа на возачот во здодевниот стоп/старт сообраќај на пренатрупаните коловози. Овој систем е дел од опцискиот Driving Assistant Plus, кој се состои од серија системи за помош при возењето кој овозможува автоматско забрзување, сопирање, оддржување на лента со помош на камера. Опцискиот паркинг асистент, исто така, е дизајниран да го олесни животот на возачот на BMW X2, автоматски да идентификува соодветни места за паркирање и да ги преземе управувачките должности за маневрирање при паркирање.

Кај новиот BMW X2 ќе бидат достапни два дизел и еден бензински мотор, а од март понудата ќе биде збогатена со уште еден бензиски и еден дизел агрегат со помала моќност и можност за погон само на предна оска.

Цената, во рамките на она што BMW го нуди за парите: од 38.590 евра za X2 20is, па до 52.840 евра за најсилниот модел X2 25dx.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK