Се создава нов сојузот: Volkswagen-Ford ќе „дрмаат“ во САД

ОБЈАВЕНО НА:

На почетокот на оваа година од страна на компаниите Volkswagen и Ford беше објавено дека планираат да започнат партнерство и заедно да работат на правење на леснотоварни автомобили. Веднаш после објавувањето на оваа информација од Volkswagen демантираа можност за целосно обединување со Ford, но новите вести говорат дека позицијата е сменета.

Ова стана јасно после изјавата на генералниот директор на германската компанија кој тврди дека преговорите со Ford може да доведат до составање на „глобална автомобилска алијанса“. Според информациите, за време на средбата меѓу раководителите на BMW, Daimler и Volkswagen во текот на минатата недела со администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп била разгледана оваа идеја.

Од Volkswagen пред властите во САД потцртале дека водат преговори за сериозни инвестиции, а во таа насока се и разговорите за партнерство со Ford. Доколку дојде до алијанса меѓу двете компании тоа значи дека позициите на американската автомобилска индустрија ќе станат поцврсти, а тоа ќе биде можеби и најголемиот сојуз во историјата на автомобилската индустрија.

Шефот на Volkswagen вели дека неговата компанија може да го искористи потенцијалот на Трамп за производство на автомобили. Тоа ќе дозволи избегнување на евентуалното затворање на фабрики на американскиот бренд во САД и на тој начин ќе се зачуваат работните места. Покрај тоа компанијата од Германија ќе изгради и нова фабрика, најверојатно во државата Тенеси.

Првиот чекор за создавање на стратешката алијанса ќе биде реализиран на неколку проекти, по кои и двата гиганти ќе работат заедно. Еден од нив е создавањето на модели на Volkswagen, во чија основа ќе бидат пикапот Ford Ranger и бусот Ford Transit.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK