Откако ги постави цврстите темели на американскиот пазар, премиум брендот на Hyundai Motor Group, Genesis и официјалн доаѓа во Европа. Ова го потврдија од самата компанија на прес-конференција која се одржа во Франкфурт, а во чии рамки беа претставени плановите за европскиот пазар.
Продажбата почнува уште ова лето, а најпрво ќе се продава во Велика Британија, Германија и Швајцарија. Подоцна се очекува да биде достапен и за купувачите во Франција, Австрија, Белгија, Холандија, Италија и Шпанија. Како премиум бренд чии автомобили се многу поскапи од Hyundai и Kia, овој бренд нема да биде достапен во сите европски земји.
“Во текот на изминатите пет години, нашите купувачи ширум светот ја препознаа нашата посветеност на извонредниот дизајн, квалитет и автентичност” изјави меѓудругото Џаехун Чанг, глобален директор на овој бренд.
Во Европа, јужнокорејскиот прозиводител доаѓа со целосната своја понуда составена од моделите G70, G80, G90, GV70 и GV80.