Македонската химна се свиреше во Франција -Триумф на Виктор Давидовски на Пол Рикар

Македонскиот возач Виктор Давидовски го постигна најголемиот успех во карирата триумфирајќи на TCR Europe трката возена во Франција на патеката Пол Рикард. Со одлично возење од почеток до крај како лидер, без грешка и одржувајќи ја дистанцата во однос на другите зад него Давидовски во 10-те круга покажа возење како на шампион.

Давидовски е првиот возач во историјата на TCR Europe што се натпреварувал во Dimond Cup, односно возачи над 40 години. Тоа досега никому не му успеало.

Давидовски ја почна трката од пол позицијата, бидејќи во TCR Europe на втората трка се вози по обратен редослед, па откако во квалификациите беше 10. на втората трка почна од пол позицијата.
На првата трка Давидовски стигна до 6 место. како дел од доминацијата на тимот на Cometoyou.

Во генералниот пласман по две трки Давидовски е на седмото место со 78 бода. Лидер останува Франко Џиролами со 133 бода, пред Том Коронел со 120 бода, и двајцата тимски колеги на Давидовски.