Осуммина Македонци на Хунгaроринг ја почнуваат втората сезона на Twingo Cup

ОБЈАВЕНО НА:

Остануваат наградите за најдобрите, 1.500 евра по сезона, и плус возило Renauylt Twizy за севкупниот побендик од трите сезони.

За некого изгледаше само приказна, а за оние што веруваа во таа приказна сега почнува втората сезона која треба да биде интересна, долга и пред се тркачка. Twingo Cup што го организира Аутомотив Груп за првпат ќе има интернационална сезона, и покрај за домашното првенство нашите возачи ќе се борат и во рамките на FIA CEZ. Првите две трки се утре (сабота, 17 април) на патакета Хунгароринг во Унгарија.

Тоа ќе биде меѓународен предизвик за македонските автомобилисти, кои ќе настапат на TWINGO EUROCUP 2021. По денешните тренинзи и квалификации во конкуренција на 21 натпреварувач иако првпат ја возат оваа патека нашите возачи покажаа дека имаа знаење да се носат со поискусните противници.

Слободан Трајковски, Давид Малинковски и Ангелче Стојковски ги заземаа 7,8 и 9 место на стартот со заостанување од 1,8 до 2,3 секунди во однос на освојувачот на пол позицијата. Вкупно осуммина Македонци ќе се тркаат на Хунгароринг, а пријавени со 21 возач од Словенија, Македонија, Србија и Унгарија.

Освојувачот на пол позицијата Ник Стефанчич од Словенија еден круг на Хунгароринг го извозе за 2,29,224 минути.

Twingo Cup Хунгароринг 2021

Првата трка е утре во 9 часот, а втората во 15,45 часот. Предвидени е да се возат 9 круга во период од 25 минути. На истата патека викендов се возат и неколку други првенства како што се TCR Источна Европа, Clio Cup, FIA Swift CUP Европа и Formula возила.

Ова е втора сезона на Twingo Cup во Македонија. Ланскиот победник Мартин Делев сега не настапува поради казна од федерацијата, а втор во генерален пласман беше Давид Малинковски, пред Слободан Трајковски.

Оваа втора сезона на Twingo Cup покрај две кружни трки во Кичево и две ридско брдски на домашно тло, купот ќе биде дел и од меѓународни натпревари каде нашите возачи ќе бидат бодувани согласно регулативите и признанија на FIA CEZ и тоа во:
Серес – Грција (Јуни),
Гробник – Хрватска (Јули),
Словакиаринг – Словачка (Август),
Red bull Ring – Австрија (Септември)
Серес – Грција (Ноември) CEZ

Следете не и на:

24AUTO NETWORK