Volvo сo раст на продажбата од 97,5 проценти во април

ОБЈАВЕНО НА:

Во април, Volvo Cars го забележа и десеттото последователно месечно постигнување со раст на годишно ниво, известувајќи за подобрување во бизнисот од 97,5 проценти во споредба со истиот месец за 2020 година.

Минатиот месец, реализацијата на Volvo Cars достигна ниво од 62.724 примероци во споредба со 31.760 единици од минатата година.

Брендот објави подобрување во бизнис претствувањето на деловните перформанси на сите поголеми пазари, вклучително и Европа  (+178% до 25.816 единици), Кина (+11.6% до 16.435 единици) и САД (+185.5% до 11.036 единици). На другите пазари, продаќбите на Volvo Cars се на ниво од 9.437 единици или со 142,9% повеќе во споредба со истиот месец во 2020 година.

Најпродаваниот автомобил на Volvo Cars во април беше моделот XC40 со 19.833 единици (5.708 во април 2020), а потоа се редат XC60 со 17.925 (10.908) и XC90 со 9.371 (4.425).

Продажбите на Volvo Cars во минтите четири месеци на 2021 година достигнаа 248.422 единици или со 51,8% повеќе во споредба со истиот период во 2020 година. Од брендот отчитуваат раст од 41,9% до 113.366 единици во Европа, 73,7% до 61.677 во Кина и 63,9% до 38.275 единици во САД. а на другите подобрувањето е 40,9% до 35.104 единици.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK