Само што го почна, Peugeot го стопираше прoизводството на новиот 308

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot минатиот месец премиерно ја претстави новата генерација на моделот 308. Иако стартуваше производството, францускиот производител сега е приморан привремено да го стопира.

Причината за прекинот е недостатокот на електронски компоненти неопходни за производството на овој модел, поради што во наредните денови целосно ќе биде запрено производството во фабриката во француски Сошо.

Главната причина со доцнењето на електронските компоненти е пожарот кој избувна во фабриката Asahi Kasei Microdevises во Јапонија која е главен снабдувач на PSA Групацијата со наведените компоненти.

Веќе подолго време автомобилската индустрија се соочува со проблеми околу снабдувањето на компоненти за производството. Претходно и многу други производители како General Motors, Stellantis, Toyota, Honda, Volkswagen го прекинаа или намалија обемот на производство поради недостатоците на полупроводници и чипови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK