Seat со специјално лого за спортската Cupra

ОБЈАВЕНО НА:

Кога имате модел на Seat што ја има ознаката Cupra, значи дека тие имаат спортски карактеристики па и некои модификации што ги нема кај сериските модели. А бидејќи веќе станува збор за модел кој по доста работи се разликува, во Seat размислуваат Cupra да стане и посебен подбренд на компанијата. Затоа Seat реши да регистрира ново лого за Cupra.

Се очекува дека следниот модел Leon Cupra R ќе биде уште поекстремен и ќе се појави до крајот на годината. Во првата половина на следната 2018-та година ќе излезе на пазарот и спортска верзија на кросоверот на Шпанците – Ateca. Најверојатно новото лого ќе ги краси и двата модела, а самите тие ќе го променат и позиционирање на пазарот.

Seat планира да понуди и повеќе електрични модели со спортски пеформанси под името на Cupra. Постојат различни информации за ова, едните тврдат дека внатре во компанијата сериозно се размислува на ова атема, а другит еинформации говорат дека засега Seat не планира електрификација на моделите Cupra.

Плановите во однос на развојот на моделите Cupra во оваа насока, природно не се објавуваат, но претставник на автопроизводителот изјави:
“Seat развива свој нов стил на компанијата. Како нов квалитет во општата постапка на нашата индустриска активност регистрираме сопственоста над многу патенти, амблеми и проекти. Како што веќе изјавивме пред неколку месеци, една од целите ни е развојот на бизнисот на Seat Sport надвор од чистиот автоспорт”.

Со овие зборови се потврдуваат новините дека компанијата планира да ги користи постигнувањата и развојот на Seat Sport во свои идни модели. Ова ќе му овозможи на брендот да добие дополнителна вредност од своите високотехнолошки спортски случувања и да се зголеми нивниот профит.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK