Во ЕУ продадени повеќе од 290 илјади електрични автомобили, во оваа земја најмногу

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата 2019 година на територијaта на Европската Унија се продадени 290.923 нови, електрични возила. Споредбено со 2018 година овој перформанс претставува пораст за 93,8% со што и натаму продолжува трендот на пораст на продажбата.

Најголема продажба во апсолутни бројки е остварена во Холандија каде во текот на целата 2019 година се продадени 67.695 електрични возила.

На втората позиција со продадени 63.491 електрично возило се наоѓа Германија која исто така бележи пораст на продажбата на нови автомобили во овој сегмент. Норвешка долги години беше на врвот, но во 2019 година во оваа земја се продадени доволно за оваа скандинавска земја да се рангира на третата позиција.

Покрај електричните, пораст е забележана и на продажбата на хибриднив возила додека најголем пад имаат возилата опремени со дизелски агрегат.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK