Toyota со добра вест за сите сопственици на Supra

ОБЈАВЕНО НА:

Јапонскиот производител Toyota соопшти добра вест за сите сопственици на Supra – делови за претходните генерации повторно ќе се произведуваат. Не треба воопшто да очајувате доколку ви се потребни делови за својата Supra од третата и четвртата генерација, односно за сите Supra автомобили произведени по 1985 година.

Ова го обелодени Шигеки Томојама, претседател на Gazoo Racing, дивизија која функционира во рамките на Toyota.

“За тоа кои делови ќе се произведуваат дополнително треба да збориме, но сигурни сме дека ќе ги задоволиме потребите на сопствениците на тие модели” изјави Томојама во рамките на специјалниот настан во Јапонија каде се промовираше моделот Supra од најновата генерација.

Со ова Toyota се приклучува на оригиналанта кампања наречена како GR Heritage Parts која беше лансирана минатата година од страна на Nissan. При тоа во таа кампања беше рестартирано прозиводството на одредени делови за постарите генерации на R33, R34, Skyline GT-R и некои други модели. Слична кампања реализираше и Mazda за моделот Miyata од првата генерација.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK