Технолошкиот гигант Gооglе сака да воведе иновација во автомобилската индустрија, а за таа цел ќе користи уреди со Аndrоid. Целта на компанијата е да ги замени традиционалните возачки дозволи и автомобилски клучеви со специјално развиени за таа намена.
Компанијата открива дека зад ова стојат редица на хардверски и софтверски решенија со кои таа веќе има отворено партнерство со автомобилските производители. Апликацијата Strоng Bоx ќе содржи различни податоци, како за возачот така и за автомобилот и ќе дозволува замена на физичките возачки дозволи и клуч со виртуелна картичка.
Како пример е даден смартфонот Pixel кој е развиен од Google, кој ги содржи толку важните чипови и софтвер за да се обезбеди доволна безбедност.
Од компанијата велат дека прашање е на време ова да се случи во ерата во која телефоните се непроменлив дел од нашето секојдневие. Повеќе информации за проектот и идните партнери ќе бидат откриени подоцна во текот на оваа година.