Нема избор на боја – Tesla Cybertruck само во сива боја

ОБЈАВЕНО НА:

Моделот Cybertruck кој Tesla го претстави минатата година предизвика огромен интерес. На адресата на производителот од Калифронија пристигнати се веќе 620.000 нарачки. Доволно е само да оставите 100 долари капар за нарачка.

Како минуваат деновите, а во пресрет на почетокот на производството кој е се уште далеку, се појавуваат и нови детали.

Последниот детал го отрки Илон Маск. Тој на својот Твитер профил објави дека моделот ќе биде достапен само во сива боја. “Можете да го прелепите со било која боја или шара” додаде Маск.

Ова секако не им се допадна на заинтересираните купувачи кои негативно реагираа на неможноста да се конфигурира овој автомобил односно купи во омилената боја.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK