Урнебесно: Со Smart им бегаше на полициски пресретнувачи (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Некоја ќе каже лудост, а некој храброст, но најверојатно бегањето на полиција со Smart е комбинација на овие две работи. Средновечен Американец ја предизвика полицијата на автопатот I-17 во близина на Феникс, Аризона и тоа токму со овој мал автомобил.

Се започна пред локалниот трговски центар во Гилберт кога возачот на автомобилот влегол во вербална расправија со полицијата при рутинска контрола. Потоа, одбил да го легитимираат, влегол во својот автомобил и почнал да бега. При тоа не ја почитувал светлосната сигнализација па полицијата доби засилување.

По неколку минутното бегство на автопатот возачот е уапсен. Дел од бегството е прикажано на следното видео.

Што значи храброст…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK