Со кои реклами Mercedes и Audi ќе бидат на Super Bowl годинава (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Две од трите истакнати германски марки, Mercedes и Audi ќе бидат присутни на најголемиот спортски настана во САД, традиционалниот Super Bowl. Се очекуваше и BMW да се вклучи, но тие сметаат дека сега не е време за вакво рекламирање.

Во Хјустон на 5 февруари ќе се одржи 51. издание на Super Bowl. На полувреме свое шоу ќе има и победничката на Греми, Лејди Гага.

Лејди Гага ќе пее на полувреме од натпреварот

Некои го следат Super Bowl поради тимовите и спортот, а други за да видат со какви реклами ќе се претстават оние што ќе решат тука да ги промовираат своите производи. Цената за рекламирање се изразува во милиони долари, но и публиката до која ќе допрата се брои во милиони. Затоа и од една страна тоа е престиж, да се биде дел од овој спорт.

Honda потврди дека ќе има свој спот за новат CR-V, а истото го има потврдено и Kia и Lexus. Годинава нема да ги видиме ниту Toyota и Mini.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK