Нов рендер за новата Lancia Delta

ОБЈАВЕНО НА:

Последните најави на високи функционери на Stellantis поврзани со Lancia беа пречекани со огромно задоволство од вљубениците на овој италијански бренд. Прв модел кој се најавува е Delta. Токму тоа придонесе да последните неколку месеци се појават бројни рендери од легендарниот модел.

Рендерот е идентичен како оној претставен во декември минатата година од страна на италијанскиот дизајнер Себастијано Чарча, но овој пат во боите на HF Integrale верзијата која беше неприкосновена на рели шампионатите.

Спортскиот карактер воопшто не недостасува, а дополнително привлечен е модерниот дизајн. Во рендерот присутни се одредени дизајнерски црти од моделот претставен во 1979 година, а чиј дизајн е дело на Џорџето Џуџаро.

Во моментов Lancia има само еден модел, Ypsilon, кој се продава исклучиво во Италија. Со спојувањето на Stellantis, Lancia повторно ќе се врати на старите патеки враќајќи се во Европа како премиум бренд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK