Kia ги објави деталите за новото Picanto – ќе има спортска турбо верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Пред официјалната промоција на саемот во Женева, Kia ги објави деталите за нивното ново „бебе“, моделот Picanto. Ова е трета генерација на нивниот најмал член на семејството кој сега има посвеж дизјан, поголема кабина и повеќе технологија на инструмент таблата.

Меѓуоскиното растојание е сега зголемено за 15 мм., додека вкупната должина останува непроменета – 3.595 мм. Според информациите од Kia, во каросеријата на возилото сега има двапати повеќе посилен челик во однос на претходникот, што придонесува за поголема безбедност, со што ова би бил најбезбедниот модел во А сегментот што досега е произведен.

Погонските агрегати што ќе се користат ќе бидат предводени од новиот турбо 1.0 литарски T-GDI со 99 КС и 172 Нм вртежен момент. Оди заедно со пет степен мануелен менувач, и најспортската верзија на Kia Picanto до 100 км/ч ќе забрзува за 10,1 секунда, и ќе може да постигне брзина од 180 км/ч.

На почетокот во понудата доаѓа мотор со 66 КС, односно 1.0 литарски мотор, потоа следува 1.2 литарски мотор со 83 КС, кои одат заедно со пет степени мануелни менувачи. Од Kia тврдат дека основниот модел со 1.0 литарски мотор ќе испушта 89 г/км ЦО2 емисија, опремен со Старт/Стоп систем. За моделот со 1.2 литри ќе биде можно да се нарача и со четири степен автоматски менувач.

Новото Picanto има и подобра изолација во кабината, потоа поголем 7 инчен инфотаментен систем со 3D навигација и како опција плус и Apple CarPlay и Android Auto. Како опција ќе биде и задна камера, потоа безжично полнење со што Picanto e еден од првите модели во класата што ги нуди ови работи.

Во новото Kia Picanto ќе има и 6 воздушни перничиња како стандард, а како опција и воздушни перничиња за колената, стандарден ESC и опција Autonomous Emergency Braking.

Основниот модел на Picanto ќе се нуди во Европа од вториот квартал на годинава, додека за најсилната 1.0 литарска T-GDI верзија же треба да с ечека до крајот на годинава.