Рекорден пад на автомобилскиот пазар во Кина

ОБЈАВЕНО НА:

Продажбата на нови автомобили во Кина во мај доживеала убедливо најголем пад за дури 16,4% во споредба со истиот месец во минатата година. Намалувањето на локалниот пазар на автомобили продолжува веќе 11 месеци по ред што предизвикува вознемиреност кај властите.

За главни причини за уривањето се посочуваат трговската војна во САД и влошените индикатори на кинеската економија во целина. Здружението на кинеските автопроизводители, сепак, за виновник го покажува и воведувањето на новиот стандард за емисии на штетни гасови China 6a, што создало несигурност на пазарот.

Еколошката норма China 6a се препокрива во голема мера со Евро 6, а во некои барања е дури и построга. Ограничувањето за тврди честички во издувните гасови на пример важи не само за моторите со вбризгување на горивото, туку и за сите бензинови мотори. Воведувањето на новиот стандард не објаснува зошто опаѓа и продажбата на хибридите и електромобилите.

Автомобилскиот пазар во Кина бележи пад првпат после 90-тите години на минатиот век во 2018 година. За да се стимулираат продажбите, Владата ги намали даноците.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK