Британскиот производител Jaguar Land Rover кој е во сопственост на Tata Motors, најави дека ќе отпушта 2 илјади работници и тоа само неколку денови откако го објави амбициозниот план според кој од 2030 година сите модели на овие два бренда ќе бидат електрични.
Ројтерс наведува дека отпуштањето е со цел да се намалат трошоците кои ќе треба значително да ги зголемат заштедите. Сето тоа треба да допринесе за финансиска стабилизација на Jaguar Land Rover.
Аналитичарите од Индија, матичната земја на Tata Motors се поделени околу иднината на овој производител. Басудеб Банерџе, аналитичар во Ambit Capital Pvt од Бомбај, наведува дека работите не се движат во посакувана насока за Tata Motors и JLR. “Оттука следи и иницијативата за смалување на трошоците” изјави тој.