Honda Civic Type R распродадена за само 4 минути

ОБЈАВЕНО НА:

Honda уште минатата година ја најави Honda Civic Type R Limited Edition, специјалната едиција која ќе биде произведена во ограничен број на примероци. Поради самата популарност која сама по себе ја има моделот Type R, и интересот за истиот е голем.

Но никој не би можел да претпостави дека истиот ќе биде распродаден за само четири минути.

Станува збор за 100 примероци наменети за канадскиот пазар, за кои купувачите веќе уплатија и капар од по 1.000 долари.

Инаку самата специјална едиција доаѓа во жолта Phoenix боја и тежина од 20,9 кг помалку. Тука е и 2,0 литарскиот турбобензински четири цилиндрен мотор кој развива 306 КС и 400 Nm обртни моменти.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK