И Toyota Proace Verso стана електричен

ОБЈАВЕНО НА:

Логичен след беше премиерата на електричанта Proace Verso, откако претходно PSA Групацијата ги претстави електричните Citroen Jumpy, Peugeot Expert и Opel Vivaro.

Како и наведените модели така и Toyota Proace Verso Electric ќе располага со идентична електрична технологија која му обезбедува електромотор кој продуцира 136 КС и 260 Nm. Благодарение на истиот, максималната брзина која ја постигнува е ограничена на 130 км/ч.

Основната верзија располага со 50 kWh батерија која обезбедува автономија од 230 км, според последните WLTP стандарди. Помоќната верзија пак, е опремена со батерија од 75 kWh која обезбедува автономија од 330 км.

Елктричниот погон е достапен во сите четири изведби, Combi, Shuttle, Family и VIP.

Toyota Proace Verso Electric

Toyota Proace Verso Electric ќе располага со идентична електрична технологија која му обезбедува електромотор кој продуцира 136 КС и 260 Nm. Благодарение на истиот, максималната брзина која ја постигнува е ограничена на 130 км/ч.

Во однос на внатрешноста нема никакви измени, исто како и целокупниот екстериерен дизајн.

Првите испораки се очекуваат на почетокот на следната година, а во однос на цената истата се очекува да биде позната на почетокот на декември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK