Започна производството на освежената Skoda Superb – добива и плаг-ин хибрид

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda во фабриката во чешкиот град Квасин и официјално го започна производството на подновената Skoda Superb која премиерно беше претставена кон крајот на мај годинава.

При тоа овој модел во понудата ќе биде достапен во Liftback, Combi и Scout изведба, а тука е и plug-in хибридната верзија која е и најголем новитет во понудата.

Споредбено со актуелниот модел, најголемата измена е во поглед на формата на предните и задните светла кои сега доаѓаат со напредна  Matrix LED технологија. Тука е и благо модифицираната предна маска како и предниот и заден браник кој добиваат изменет дизајн. Редизајнираната изведба доаѓа и со нови 18 и 19 инчни алуминиумски фелни, а достапна ќе биде и во нови метални бои.

Å koda Superb

Цената сеуште не е позната, а во продажба ќе се појави кон средината на следниот месец во централно европските земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK