Нoвaтa S-Klаssе доаѓа во ceптeмври, ќе има V12

ОБЈАВЕНО НА:

Пандемијата на коронавирусот го принуди Mеrсеdеs-Bеnz неколкупати да го одложи дебито на својот следен флагман. Според директорот на брендот Јирген Вајзингер, премиерата на новата S-Klasse, сепак, ќе се случи, а истата е закажана за почеткот на септември во Зинделфинген каде што се произведува моделот.

За сајтот Mеrсеdеs-Fаns, Вајзингер открива дека развојот на W223 е почнат уште во 2015 година. Седанот ќе стане првиот автомобил, кој е базиран целосно на новата платформа, која подоцна ќе послужи и како основа за помалите модели на компанијата.

Новиот флагман на Mеrсеdеs-Bеnz ќе добие погон на четири тркала благодарение на кои радиусот во свиоците се намалува за 1,2 мери во споредба со W222 и покрај големите димензии и продолжението од 4 сантиметри меѓу оските. Моделот ќе се нуди со систем за автоматско управувње од трето ниво на автономија (како во Tesla) со можност за надоградување до четврто, кое не бара потреба од возач во повеќето ситуации на патот.

Речиси сите модификации на W223 ќе се опремуваат со шест или осумцилиндрични турбомотори. Ќе има и неколку хибридни варијанти со можност за полнење од битовата мрежа и можност за поминување до 100 километри само на струја. Легендарниот V12 ќе преживее и за првпат во историјата на моделот ќе се нуди во комбинација со двоен menuvaменувач во врвната верзија Mеrсеdеs-Mаybасh.

Сериското производство на W223 ќе почне на почетокот на 2021 година, а кон средината на годината ќе дебитира и Mеrсеdеs-Mаybасh.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK