Брегзит ги брка јапонските компании од В.Британија

ОБЈАВЕНО НА:

Целиот хаос кој се случува околу Брегзит односно излегувањето на Велика Британија од Европската унија може да има голем удар и на автомобилската индустрија. Ова добива на уште поголема тежија после изјавата на Коџи Цуруока, кој е јапонски пратеник во Велика Британија.

После средбата со премиерката Тереза Меј во јануари тој изјави дека „влоговите се многу високи“, кога ќе се видат условите за Брегзит, како и зделката, која ќе успеат да ја договорат Британците за напуштањето.

Пратеникот од Јапонија објасни дека јапонските компании кои произведуваат автомобили во Велика Британија можат да ја напуштат земјата, доколку трговските договори, склучени после Брегзит, кои ќе ја регулираат дејноста се покажат лоши за Јапонците.

Меѓу важните инвеститори во автомобилската индустрија на островот се Honda и Nissan, кои имаат големи бази за производство во Велика Британија.

За Nissan таму работат околу 7.000 работници, додека Honda има над 3.000 вработени, а над 80 проценти од автомобилите се за извоз.

Според некои англиски медиуми тоа решение на јапонските компании може да биде тешко за локалната автомобилска индустрија и несомнено големите компании ќе бидат следени од помалите фирми ки работат како нивни доставувачи или како партнери.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK