Новиот целосно електричен СУВ на Renault доаѓа за 18 месеци

ОБЈАВЕНО НА:

По моделот Zoe сега од Renault на пазарот ќе стигне уште еден СУВ само поголем базиран на концептот Morphoz. Британскиот магазин Autoexpress објави ексклузивни фотографии за изгледот на францускиот СУВ.Според информациите поголемиот брат на Zoe треба да пристигне за 18 месеци.

Дека ќе биде базиран на концептот Morphoz потврди и Лорен ван дер Акер, главниот за дизајн во Groupe Renault koj бил прашан за изгледот на новиот електричен СУВ.
„Се надевам дека ќе можеме да го направиме повеќе да наликува на Morphoz”.Toa беше интересна вежба затоа што сакав да се осигурам дека нашите електрични автомобили имаат многу карактер, иако можеби нема да ги имаат вообичаените карактеристики или елементи што ги има традиционалниот автомобил како голема решетка – традиционалните елементи со кои ви се дава лице возило, вели Ван дер Акер.

„Добра работа е да бидеме крајно наметливи додека го шириме воздухот каде што треба да биде и да не ставаме лажна решетка на неа. Ако имавте шанса да го видите Morphoz во најавите тоа е прилично елегантна силуета со многу аеродинамичен третман на задниот дел и мислам дека ова е знак дека доаѓаат работите“.

Groupe Renault предвидвидува да претстави две нови електрични возила во наредните 18 месеци, при што едниот од нив ќе биде продукциска верзија на концептот Dacia Spring, a другата ќе биде оваа производна верзија на Moprhoz и ќе ја користи новата платформа за електрични автомобили CMF-EV на Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance, за прв пат видена на концептот Nissan Ariya, претставен на минатогодишното мото-шоу во Токио.

Иако сè уште нема инфо за опсегот за новиот Renault EV или неговиот сестрински автомобил Nissan, но се очекува капацитет на батеријата да биде доволно голем за моделите да може да изминат до 450 километри помеѓу полнењата. Она што може да се потврди е дека CMF-EV може да се развива со погон на предните или на сите четири тркала, додека нејзината модуларна природа значи дека може да се користи во различни возила со различна големина.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK