Новиот GLА во Мак Аутостар – почетен модел меѓу Mercedes SUV возилата, со сета врвна технологија

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот GLA е почетниот модел меѓу осумте достапни SUV возила на Mercedes-Benz. Новиот GLA во споредба со својот претходник, нуди многу новини, како во однос на технологијата, така и во однос на димензиите. Висина на возилото сега изнесува 1611 мм, што значи дека е за повеќе од 10-тина см повисок од стариот модел. Со ова се добива поголем простор во кабината на возилото.

Предниот и задниот испуст на возилото се пократки, што е во линија со off-road дизајн. Моделите со погон на 4 тркала, поседуваат off-road инженерски пакет, како стандардна опција. Ова исто така опфаќа дополнителен програм за возење, помошен систем за движење по надолнини, off-road анимација на медија екранот и во комбинација со MULTIBEAM LED предни светла на располагање е специјална функција за осветлување при off-road возење.

Новиот GLA располага и со унапреден систем Driving Assistance, кој на пример вклучува: функција за предупредување при маневар на свртување и алармирање при забележување пешаци на пешачки премин. На таков начин, новиот GLA е подготвен самостојно да реагира кога возачот не е во можност да го стори тоа.

Новиот GLA има исклучително одличен коефициент на аеродинамичност, Cd 0,28. Исто така ќе биде достапна и трета генерација на хибриден погон, како и електричен модел EQA.

„Големата побарувачка за нашите SUV возила покажува дека можеме да понудиме вистински модел во овој сегмент. За да излеземе во пресрет на желбите на купувачите, достапни се моделите GLB и GLA, две off-road возила кои совршено се надополнуваат меѓусебно.

GLB се истакнува со својата функционалност и просторност, додека новиот GLA е позициониран како спортски и лајфстајл SUV“, изјави шефот на одделот за дизајн во Дајмлер, Горден Вагенер.

Спортските испакнатини на предниот капак на моторот, заедно со 20 инчните тркала, оддаваат слика на силна уверливост. Страничните контури на возилото ја истакнуваат неговата динамичност и елеганција, кои всушност се една интересна игра на светлината и сенките.

Внатрешноста е модерна, изработена од материјали со висок квалитет. Централно внимание заземаат екраните, кои се достапни во 3 варијанти, односно 2 екрана од 7 инча, или еден кран од 7, а другиот од 10,25 инчи и третата комбинација е кога секој од 2 екрана е со големина од 10,25 инчи.

Новиот GLA нуди повеќе простор во кабината во однос на својот претходник, особено во делот кај нозете на патниците, како и во делот на багажникот.

Позицијата на седење и кај возачот и кај совозачот е повеќе исправена и повисока за 97 мм во однос на претходниот модел што е типично за SUV возилата. Споредено со А-Class разликата е 140 мм, додека со B-Class е 52 мм. Исто така, значително е подобрена видливоста.

Како опција, задната клупа може да се придвижува за 14 см, со што може да се подобри удобноста на седење на задната клупа или зголемување на багажниот простор.

Помошни системи за возење
Последната верзија на Driving Assistance пакетот ги опфаќа функциите за помошно осветлување при движење во свиоци, за одржување на коловозна лента, за безбедно отворање врата, предупредување при детектирање пешаци на пешачки премин.

Како дополнителни опции на овој пакет на располагање се и функциите DISTRONIC со можност за сопирање кај статички возила, автоматски паркирање, автоматско движење наназад, активна помош на управувачот, активно одржување на брзината на движење, систем за избегнување на пешаци и др.

Патување со релаксирање
Новата GLA располага и со опцијата ENERGIZING, која користи звучни и светлосни ефекти, како и разни опции за масажа, со што возачот добива врвна удобност при патувањето.

Доколку е вклучен Mercedes-Benz vivoactive® 3 паметен часовник или друг компатабилен Garmin® уред, може да се добијат лични податоци за возачот, како што е нивото на квалитет на спиењето или стрес, чија состојба може да биде подобрена преку опцијата ENERGIZING.

4MATIC
Новиот GLA може да биде опремен и со постојан погон на сите тркала, со целосна варијабилна дистрибуција на  вртежниот момент. 4MATIC е интегриран и со автоматска трансмисија со двојна спојка.

На располагање е и функцијата DYNAMIC SELECT, кој нуди неколку програми, режими на возење, од “Eco/Comfort” кој се заснова на сооднос на предна и задна оска на погон 80:20, потоа “Sport” со сооднос 70:30. При „off-road“ режим на возење, дистрибуцијата е во сооднос 50:50.

Мотори 

Бензински мотори

    GLA 2001 GLA 2501 GLA 250
4MATIC1
Мотор   4 цилиндри 4 цилиндри 4 цилиндри
Трансмисија автоматска 7G-DCT 8G-DCT 8G-DCT
Зафатнина cm3 1332 1991 1991
Моќност kW/КС 120/163 165/225 165/225
Вртежен момент Nm 250 350 350
при Вр мин 1620-4000 1800-4000 1800-4000
Комбинирана потрошувачка гориво лит/100 км 6.0-5.7 6.7-6.5 7.1-6.9
Комбинирана CO2 емисија g/км 137-130 153-148 163-158
Забрзување 0-100 км/час секунди 8.7 6.9 6.7
Макс.брзина км/час 210 240 240

 

Дизел мотори

    GLA 200 d2 GLA 200 d
4MATIC1
GLA 220 d1 GLA 220 d 
4MATIC1
Трансмисија автоматска 8G-DCT
Зафатнина cm3 1950 1950 1950 1950
Моќност kW/КС 110/150 110/150 140/190 140/190
Вртежен момент Nm 320 320 400 400
при вр мин 1400–3200 1400–3200 1600-2600 1600-2600
Комбинирана потрошувачка на гориво лит/100 км 4.8-4.6 5.2-4.9 4.9-4.7 5.3-5.0
Комбинирана CO2 емисија g/км 126-121 138-130 129-123 140-133
Забрзување 0-100 км/час секунди 8.6 8.9 7.4 7.3
Максимална брзина км/час 208 205 217 219

 

Соопштение на Мак Аутостар

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK