Просечната старост на автомобилите во САД е 11 години, колку е во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

Просечната старост на автомобилите во САД во првата половина од 2019 година изнесува 11,8 години, покажува последното истражување.

Според заклучоците од истражувањето спроведено од IHS Markit, споредбено со претходните години, автомобилите кои се возат низ американските години се се постари и постари. Така споредбено со претходната година, тие сега се за 2,2% постари.

Најнови автомобили се вози на северо-источниот дел на САД. Тука просекот е 10,9 години, додека најстар возен парк има сојузната држава Монтана и тоа од 16,6 години. Од друга страна, во Вермонт се возат најмладите автомобили и тоа од 9,9 години.

Но она што како прашање се поставува е тоа колку изнесува просечната старост на автомобилите кои се возат низ македонските улици? За жал во Македонија не се водат такви статистики па оттука нема и официјален податок.

Забраната за увоз на автомобили постари од 10 години придонесе за во Македонија да се смали просечната старост, а врз тоа влијае и солидната продажба на нови автомобили.

Потпирајќи се на податоците изнесени во босанските медиуми, просечната старост на автомобилите во Македонија е под 17 години. Тоа може да се заклучи по тоа што Босна и Херцеговина е земјата со најстари автомобили на Балканскиот Полуостров и тоа од 17 години.

Сепак како и да е, со субвенционирање на купување на нови автомобили и намалување на каматните стапки за кредити и лизинг, староста може значително да се намали, а со тоа и загадувањето и испуштањето на штетни гасови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK