Макрон доби нова лимузина – претставена новата DS9

ОБЈАВЕНО НА:

Франција добива нова национална лимузина откако премиерно беше претставена DS9 – премиум лимузината на PSA Групацијата. Уште во 2017 година беше објавено дека овој премиум бренд ќе воведе и лимузина во понудата, па сега, по три години, а во пресрет на семската премиера во Женева е претставен овој модел.

Уште на прв поглед се забележани некои сличности со новата 508-ца на Peugeot. Токму и на продолжената L изведба на овој модел се темели DS9. Тоа значи дека во основата лежи EMP2 платформата. Оттука и должината од 4.933 мм, широчината од 1.855 мм и височината од 1.468 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.895 мм.

DS9 ќе биде достапен со plug-in хибриден погон комбинирајќи при тоа PureTech турбо бензински мотор, електромотор и батерија од 11,9 kWh. Вкупната моќност изнесува 225 КС, а автономијата изнесува околу 45 км.

DS9

Со оглед на тоа што претседателот на Франција традиционално се вози со автомобил од брендот на DS, како премиум француско возило, ова практично значи дека наскоро Макрон ќе добие ново претседателско возило откако претходно се појави и информација дека актуелниот SUV од брендот на SUV морал итно на сервис.

DS9

Во производство овој автомобил ќе влезе на почетокот на следната година, а ќе може да се нарача уште во втората половина годинава. Цената засега останува непозната.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK