Официјално: новата Corsa премиерно оваа година

ОБЈАВЕНО НА:

Она што на големо се шпекулираше минатата година доби и официјална потврда – новата генерација на Opel Corsa пристигнува кон крајот на оваа година.

Во моментов PSA Групацијата во чија сопственост од минатата година е германскиот производител Opel ги прави последните тестирања на автомобилот под екстремни снежни услови, а по завршување на тестирањето следи и премиерата, најверојатно на специјално организиран настан.

Она што од претходно е јасно е дека ова ќе биде првиот опелов автомобил во целост развиен од страна на PSA Групацијата. Новата Corsa се базира на т.н. CMP (Common Modular Platform) платформа која е развиена од страна на PSA групацијата и се користи кај Peugeot 208.

Новата Corsa ќе се произведува во опеловата фабрика во шпанскиот град Сарагоса. Во овој град бил произведен и првиот модел во далечната 1982 година. Ова значи дека производството во германската фабрика во Ајзенах нема да продолжи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK