Јапонската агенција за аеровселенски истражувања (JAXA) и Toyota развиваат вселенско возило, кое ќе биде користено во мисија на Месечината во 2030 година. Моделот LUNAR-A ќе биде користен за проучување на внатрешната структура на Месечината во барање на потеклото и нејзината еволуција.
Toyota има искуство со вселенски истражувања. Во 2013 година компанијата од Јапонија во орбитата испрати андроид со име Kirobo и го организираше првиот разговор во историјата меѓу човек и робот во вселената.
Првото превозно средство на Месечината, советското вселенско возило-1, слета во Морето на дождовите во северозападниот дел од видливата страна на Месечината во ноември во 1970 година и работеше во текот на 11 месеци.
Нешто подоцна до Месечината пристигна Lunar Roving Vehicle (LRV) од програмата „Аполо“, развиен од страна на единицата на General Motors Delco со четири електромотори со вкушна моќност од 1 коњска сила и можност за движење со едно полнење од 92 километри.