Италијаните напаѓаат – доаѓаат два нови супер автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанците отсекогаш биле “мајстори” за супер спортски автомобили. Доказ за тоа се Lamborghini и Ferrari како и другите спортски автомобили развиени на италијанско тло, а произведени во лимитирана серија.

На сето ова сега се придодаваат уште два супер спортски автомобили. Станува збор за моделите Kode 0 и Kode 57 кои минатата година беа претставени на Pebble Beach Concours d’Elegance фестивалот.

Моделот Kode 0 е дизајниран од страна на Кен Окујама, човекот кој го дизајнираше Ferrari Enzo. Овој модел се базира на истата платформа како и Lamborghini Aventador, а доаѓа со 6.5 литарски V12 мотор.

Kode 0 е за 25 килограми полесен од Aventador S односно тежи 1.550 kg, a единствениот сега произведен примерок се продава за само 1.17 милион евра.

Моделот 57 се базира на Ferrari 599, а при тоа го користи истиот V12 шест литарски бензински мотор. При тоа продуцира максимални 690 КС. Единствениот произведен модел се продава за 1.57 милиони евра.

Како што е најавено ќе бидат произведени уште само неколку примероци и тоа по нарачка.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK