Годинава доаѓа новата Opel Mokka

ОБЈАВЕНО НА:

Кон крајот на минатата година Opel објави дека работи на новата генерација на моделот Mokka. Сега и официјално е потврдено дека премиерата на втората генерација ќе се случи во текот на оваа година.

AutoBild уште минатата година пишуваше дека новата генерација ќе се произведува во Шпанија и Кина, а под хаубата ќе може да се најде со три бензински (1.4, 1.6 и 1.8 литри) и два дизелски (1.6 и 1.7) мотори.

Покрај стандардната моторизација, во понудата ќе биде достапна и електрична која доаѓа со батерија со капацитет од 30 kWh и автономија од околу 300 км.

Инаку Opel производството на овој модел го започна во 2012 година продавајќи го овој модел под брендовите на Opel, Vauxhall и Buick. Оттука производството се спроведуваше на повеќе локации ширум Светот и тоа во Јужна Кореа, Кина, Шпанија, Русија и Белорусија.