Jeep најавува бум – девет нови модели во наредните 4 години

ОБЈАВЕНО НА:

Вистински бум не очекува од Jeep во наредните четири години. Како што беше официјално потврдено на презентацијата на новиот стратешки план на FCA, Jeep во наредните четири години ќе претстави дури девет нови модели.

Она што треба да го очекуваме веќе кон крајот на оваа година е т.н. “baby SUV” кој ќе се позиционира под Renegade. Oва го потврди и првиот човек на Jeep, Мајкл Мејнли кој додаде дека цената на овој модел ќе биде под 20 илјади американски долари. Покрај овој модел, во наредниот период ќе биде претставен и новиот Renegade, додека во C сегментот покрај новиот Wrangler кој беше претставен пред неколку месеци ќе биде претставен и освежениот Compass кој треба да го очекуваме 2021 година.

Jeep во наредниот период акцент ќе стави на D сегментот каде покрај постоечкиот Grand Commander модел, ќе биде претставена и новата генерација на Cherokee, Jeep камионет како и уште еден нов модел.

Нов модел ќе има и во E сегментот каде покрај Grand Cherokee ќе биде претставен нов модел кој ќе се продава во Кина. Во новиот стратешки план има место и за претходно најавуваниот Grand Wagoneer кој треба да го очекуваме на почетокот на следната година.

Со ова Jeep ќе заземе значајно место во наредниот период, а според најавите Jeep треба да прерасне во најпрофитабилната дивизија на FCA во наредните неколку години.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK