И Мадрид со забрана за старите автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

По примерот на германските градови, шпанската престолнина Мадрид се одлучи на радикален чекор за намалување на загадениот воздух.

“Квалитетот на воздухот веќе десет години не е на прифатливото ниво и луѓето во градот се изложени на негативни ефекти по нивното здравје” изјави Ињес Сабањес, службеничка за околина во градската администрација.

Со цел намалување на загаденоста, Мадрид го следеше примерот на Лондон, Париз, Берлин и Осло, па така во строгиот центар на градот ќе бидат забранети автомобили со бензински мотор произведени пред 2000 година и автомобили со дизелски мотор произведени пред 2006 година. Во денови кога загаденоста е на повисоко ниво во центарот на градот ќе може да циркулираат само возила од јавниот превоз.

Инаку овие одлуки се само дел од стратегијата усвоена во март минатата година според која до 2025 година шпанската метропола ќе треба да го намали нивото на штетни емисиони гасови за 50%.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK