Mercedes-Benz со пад од 17,6% во првото полугодие

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Mercedes-Benz објави дека брендот ја зарши првата половина од 2020 година со пад од 17,6% до 935.089 единици во продажбата низ целиот свет. Во втората четвртина од годината, реализацијата на брендот е намалена за 20,2% до 457.711 автомобили.

Во комбинација со продажбите на субкопмактниот дел smart, Mercedes-Benz Cars забележува пад од 23,9% во второто тромесечие на 2020 година и 20,9% за првата половина од годината. Кај самиот бренд Smart намалувањето во побарувачката е соодветно 87,3% и 83,3%.

Единствениот главен пазар на кој брендот Mercedes-Benz запишува подобрување во продаѓбите како во второто тромесечеие така и во првото полугодие е Кина со 21,6% до 207.107 единици и +0.4% oд 346.067.

На територијата на Европа, Мercedes-Benz забележува пад во продажбите од 31,5% до 313.490 единици за периодот јануари-јуни, а во Северна Америка е од 16% до 146.538 единици.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK