Штутгарт забрани влез на дизелски возила во градот

ОБЈАВЕНО НА:

Управниот суд во Штутгарт донел одлука што нема правосилна одлука според која од почетокот на следната година, се забранува влез на возилата со дизелски мотори во градот. Влезот на Штутгарт е забранет поради зголемено ниво на штетни гасови.

“Како ефикасна заштита против зголемената вредност на азотни оксиди, кои се штетни за здравјето е можно само со забрана за сообраќај. Другите мерки, како што се технички измени нема да бидат ни приближно толку ефикасни”, ја образложи суд својата одлука.

Управниот суд во Штутгарт ја прифати тужбата на здружението „Германска еколошка помош“ (Duh), која уште во 2015 поднела тужба против покраина Баден-Вуртемберг поради драстично зголемување на нивото на азотниот оксид во мерните станици во Штутгарт, кои беа стотици пати повисока од дозволеното. Дизел моторите се сметаа за главна причина за зголемување на овие опасни гасови.

Судот утврди дека во донесување на одлуката, заштитата на животот и здравјето на граѓаните имаа поголема тежина од правото на сопственост и управување на сопственост. Пресудата не е правосилна и покраината Баден-Виртемберг размислува да поднесе жалба.

Здружението сличен случај освои и за градот Дизелдорф. Следната недела треба да се одржи на т.н. дизелски самитот на кој претставници од политиката, економијата и здруженија за заштита на животната средина треба да се најде долгорочно решение за возила со дизел мотори.

Германскиот министер за транспорт Александар Добиндт се залага за технички модификации на моторите за да ги исполнат повеќето стандарди, како и решенија, со кои повеќе се размислува за екологија, за возилата од јавниот транспорт во големите градови.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK