Се создава нова велесила: Се здружија Ford и Volkswagen

ОБЈАВЕНО НА:

Германски Volkswagen и американскиот Ford објавиja дека воспоставиle глобална алијанса во која тие заеднички ќе развиваат производство на комерцијални комбиња и пик-ап возила со средна големина, а во исто време ќе ги истражуваат на можностите за поширока соработка кај електричните и автономни возила.

Извршниот директор на VW, Херберт Дис и генералниот директор на Ford, Џим Хакет соопштија дека првото заедничко произведено возило може да биде лансирано на пазарот веќе во 2022 година, и дека ова поврзување исто така значи поголем профит за двете компании од 2023.

Ford би произведувал пик ап возила од средна големина, која е една од нивните најдобри деловни активности, како и поголеми комбиња, додека VW би развивал караван возила за градско возење.

Двете компании, исто така, потпишаа меморандум за разбирање за разгледување на можна соработка на електрична и автономни автомобили и се подготвени да се разгледаат дополнителни проекти, но како самостојни деловните субјекти без да одат во заедничка сопственост на едни со други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK