Audi сo први детали за електричното Q4 e-tron

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Audi ги објави првите детали за сериската верзија на целосно електричното Q4 e-tron, развиено на база на модулната платформа на електромобили МЕВ на Volkswagen Group. Компактниот електричен СУВ модел Q4 e-tron е со основни димензии од: должина 4.590 мм, ширина 1.865 мм и висина од 1.613 мм.

Благодарение на растојанието меѓу оските од 2,76 метри платформата на моделoт ветува и просторен ентериер.

Од Audi коментираат, дека внатрешноста на Q4 e-tron ќе биде исполнета на целосно ново ниво за брендот, со проекциски екран со додадена реалност, MMI борд дисплеј со дијагонала од 11,6 инчи, целосно нов како копцепција многуфункционален волан со сензорни копчиња надопир, гласовни команди кон борд системот и други.

Во внарешноста на Q4 e-tron се оформени дополнителни оддели за малите багажи со вкупна носивост од околу 25 литри, а корисниот товарен обем на електромобилот варира од 520 до 1490 литри.

Во однос на удобноста на патниците на задните седишта од Audi споделуваат дека нивната позиција за седење е речиси седум сантиметри повисока од онаа на возачот и патникот напред,  иако тие ќе можат да сметаат на доволно простор над нивните глави.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK