(Видео): За овие возила Америка не е ветена земја

Сите сакаат да бидат успешни на пазарот во САД бидејќи има доволно квалитетни и платежно способни купувачи. Колку што тоа е посакуван пазар, толку и домашните регулатори поставуваат различни критериуми што некој мора да ги исполни за да може да продава на тој пазар.

Америка секогаш била најмногу напред во поставувањето на стандарди, и многу модели од Азија и Европа не добиле дозвола од властите поради една или друга причина, па дури и кога станува збор за култни модели.
Сега со избивањето на аферата Дизелгејт и други модели се опфатени, но во минатото тоа се однесувало на некои други модели.