Проектот за хиперавтомобил со 5.000 КС е замрзнат

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Devel Motors која се наоѓа во Дубаи привремено ја прекина изработката на хиперавтомобилот Sixteen со моќност од над 5.000 коњски сили поради проблеми кои го прават невозможно сериското производство. Од проектот се повлекол основниот технички изведувач Manufattura Automobili Torino (MAT).

Според информациите развиениот Devel Sixteen 12.3-литарски мотор со 16 цилиндри со 5 007 коњски сили и 4 771 Нм никогаш не бил прилагоден за цивилна употреба. Инжинерите не успеале да се снајдат со задачата да создадат адекватен систем за ладење. Покрај тоа Devel Motors не успеале да најдат ниту решение како да го управуваат хиперавтомобилот на патот при брзина од над 480 км/ч.

Во теорија Devel Sixteen би требало да забрзува од 0 до 100 км/ч за 1,8 секунди и да развива брзина од над 515 км/ч. Во проектот освен Manifattura Automobili Torino учествува и американската компанија Steve Morris Engines, која е специјализирана за производство на мотори за тркачки возила.