Супер брзо полнење: Hoвиот електромобил IONIQ 5 од 10% до 80% за 18 минути

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Hyundai откри нови детали за целосно новиот и прв за новоформираниот бренд од компанијата за електромобили IONIQ модел IONIQ 5, кој се очекува да биде лансиран на пазарот во првата половина од следната година.

Основната новост околу IONIQ 5 е поврзана со електричниот систем, кој според зборовите од Hyundai ќе стане новиот модел во уникатната понуда за пазарот. IONIQ 5, кој ќе се појави во сериска верзија на концептот 45 ќе биде опремен со батериски систем на 800 волти, што ветува сериозно намалување на времето за полнењe, со соодветна инфраструктура за полнење. Од компанијата споделуваат дека според овој параметар, IONIQ 5 е пионер меѓу сите масовни производители на автомобили.

Според најавата на автомобилскиот производител, батеријата на IONIQ 5 ќе дозволи полнење од станица со капацитет од 11 до 232 kWh, што ветува можност за полнење од 10 до 80% за 18 минути.

Следните две пазарни понуди на брендот IONIQ ќе бидат IONIQ 6, кој ќе биде направен на база на футуристичкиот развој Prophecy, во 2022 година и IONIQ SUV во 2024 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK