Нов специјалeн оддел за возила во PSA групацијата

ОБЈАВЕНО НА:

Citroën, Peugeot, Opel, Vauxhall, Hindustan Motors и DS Automobiles се заедно во групацијата PSA, а од 1 април има нов оддел, која ќе се занимава со изработка на електромобили, а првите резултати од ова би требало да се видат веќе следната година. Планот на PSA е постојано да исфрла на пазарот технички новитети, кои ќе бидат користени за новите модели на електромовилите, како и за хибридите од сите марки.

Во моментов нема веродостојна информација околу тоа на кои модели ќе се насочи новоформираната единица од страна на PSA, како и дали ќе биде користен таканаречениот „беџ инженеринг“ во електромоделите на Peugeot, Citroën, DS или Opel.

„Промената во енергетската политика на компанијата е шанса за невидена технолошка офанзива, која стана возможна поради нашите нови платформи кои дозволуваат користење на различни енергии на движење. Предизвикот пред кој сме соочени е да ги обезбеди најдобрите автомобили во најдобро време за да ги задоволиме клиентите и да обезбедиме најдобро економични услови за лансирање на електромобилите на групацијата PSA на пазарот“, вели Линда Џексон, која е шеф во Citroen.

Марките на групацијата имаа неколку различни програми за електромобили во минатото како и електроваријанта на Berlingo, целосно електрично E-Mehari и суперелектровозило DS E-Tense. Во моментов се работи на сопствени електрични платформи од кои ќе произлезат четири нови електромобили и седум хибриди од 2019 година натаму.